Top Sport

Судиите во Италија добија статус на службени лица

Италија донесе нов закон кој го третира насилството врз фудбалските судии како напад врз службени лица, како што се полицајците, објави Ројтерс.

Отсега па натаму, агресивното однесување кон судиите – вклучувајќи туркање, удирање или заканување – ќе биде построго казнувано, со можни затворски казни.

Ова го објави министерот за спорт Андреа Абоди откако владата го усвои декретот. Законот не се однесува само на судиите, туку и на сите службени лица одговорни за спроведување на правилата за време на спортски настани.

Мерката е одговор на зголемениот број напади врз судиите, особено во фудбалот.

Минатиот декември, судиите излегоа на теренот со црни ленти на лицата за да протестираат против насилството.

Проблемот привлече големо внимание откако 19-годишниот судија Диего Алфонцети беше претепан за време на младински натпревар во Сицилија. Подоцна беше поканет да суди на дерби натпревар помеѓу Лацио и Рома како симбол на солидарност.

Scroll to Top