Top Sport

(Видео) Тројца навивачи загинаа при пад од трибина, повеќе од 70 повредени

Тројца навивачи починаа откако паднаа од горната на долната трибина на стадион во Алжир, по завршувањето на натпреварот во кој домашната екипа МК Алжир ја освои титулата.

МК Алжир ја освои својата втора последователна титула синоќа, откако одигра нерешено 0:0 против Магра.

Инцидентот се случи по завршувањето на натпреварот на стадионот „5 јули“ во Алжир, кога се урна ограда во горниот дел од трибината. Неколку десетици навивачи паднаа од горната на долната трибина, при што загинаа три лица, а околу 70 беа повредени.

Многу од повредените беа однесени во болница, каде што играчите и членовите на тренерскиот штаб на двата клуба донираа крв, објави Би-Би-Си.

Стадионот беше полн за време на натпреварот во кој МК Алжир ја одбрани титулата. Атмосферата за време на натпреварот беше празнична, со зелени џадни бомби.

Доделувањето на трофејот беше одложено поради трагедијата.

Алжирскиот претседател Абделмаџид Тебун изрази сочувство до семејствата на починатите и им посака брзо закрепнување на повредените.

Scroll to Top