Top Sport

Луис Енрике: Топката скока како зајак

ПСЖ со победата над Сиетл Саундерс (2:0) во последното коло обезбеди пласман во осминафиналето, каде што го чека Интер Мајами. И покрај победата и пласманот во нокаут фазата, тренерот на европскиот првак, Луис Енрике го изрази својот гнев за квалитетот на терените на кои се игра клупскиот Мундијал.

„Сакам да истакнам дека, иако победивме, состојбата на терените на првенството е под нивото потребно за играње фудбал. Квалитетот на тревата овде е далеку зад европските. Топката отскокнува на нив како зајак. Сега игравме на терен што порано беше вештачки, а сега е природен. Ова значи дека мора да се полева рачно и да се исуши за десет минути“, рече Енрике и продолжи:

„Тоа е очигледен проблем, а не изговор. Не можеме да играме на нивото што го сакаме на терени како овие на Светското клупско првенство во Америка. ФИФА мора да се погрижи за тоа. Не само на стадионите, туку и во однос на терените во тренинг камповите. Не можам да замислам, на пример, НБА терени со дупки, а овде играме на терени каде што топката се однесува повеќе како зајак отколку како топка. Ако мораме толку многу да ја критикуваме, тогаш тоа значи дека мора да се промени.“

Scroll to Top