Top Sport

Санчо се договорил со Фенербахче?

Турските медиуми пишуваат дека Фенербахче е заинтересиран за Џејдон Санчо и дека во исто време клубот го раскинал договорот со голманот Доминик Ливаковиќ.

Џејдон Санчо, се врати на „Олд Трафорд“ откако му истече позајмицата во Челси, а „сините“ претходно објавија дека нема да го откупат неговиот договор.

Англичанецот наводно веќе прифатил 10 милиони евра по сезона, па останува Фенербахече и Јунајтед да го договорат обештетувањето.

Претходно, турските медиуми објавија дека хрватскиот репрезентативец Доминик Ливаковиќ, нема да биде во Фенербахче наредната сезона. Жозе Мурињо на неговото место дака да го донесе голманот на Лидс, Илан Мелие.

Scroll to Top