Top Sport

Тони Паркер потврди дека Малдон потпишал договор со Реал

Претседателот на кошаркарскиот клуб Асвел, Тони Паркер, објави дека поранешниот играч на тој клуб, Тео Маледон, ќе игра за Реал Мадрид од следната сезона.

„Маледон потпиша голем договор со Реал Мадрид“, рече Паркер во интервју за францускиот „Ле Прогрес“.

Маледон (24) ја започна својата професионална кариера во 2017 година во Асвел, во клубот се врати пред почетокот на сезоната 2024/25 по четири сезони играње во НБА.

Францускиот бек беше избран во втората најдобра петорка на Евролигата оваа сезона, откако имаше просек од 17 поени, 4,6 асистенции и 3,5 скока.

Паркер, исто така, објави дека центарот на Асвел, Нил Сако, активирал посебна клаузула во неговиот договор што ќе му овозможи да се пресели во Валенсија, и дека клубот „нема средства“ да го задржи Жофри Ловерњ.

Претседателот на Асвел, исто така, изјави дека досегашниот плејмејкер, Парис Ли, е „прескап“ и дека би сакал да го задржи Андре Роберсон, но дека има мали шанси тоа да се случи поради „зголемувањето на платите и цените предизвикано од влезот на Дубаи Евролигата“.

Асвел ја заврши сезоната 2024/25 на 15-то место на табелата во Евролигата.

Scroll to Top