Кошаркарите на Париз се шампиони на Франција за сезоната 2024/25, откако ја добија серијата против Монако со 3:2. Во мајсторката Париз славеа победа 99:93.
Екипата на Тијаго Сплитер славеше во првите два натпревари, а потоа Монако успеа да возврати и да избори мајсторка.
Париз го отвори натпреварот подобро, а благодарение на серијата на почетокот на вториот период, таа достигна максимални +17.
Монако успеа да фати приклучок пред крајот на полувремето и дуеи да стекне предност во третата четвртина.
Сепак, натпреварот беше решен во неизвесна завршница.
Париз главно се потпираше на одличната бековска линија. Плејмејкерот Ти Џеј Шортс повторно беше нерешлива енигма за Монако во клучните моменти доби поддршката од Надир Хифи, додека Алфа Дијало, Џордан Лојд, Ели Окобо и Тери Тарпеј го предводеа Монако.
Хифи погоди важна тројка за 94:91, а потоа во финишот по асистенцијата од Шортс го реши прашањето за победникот.
Шортс го предводеше победникот со 27 поени, 10 асистенции и 7 скока. Се истакнаа и Хифи со 16 поени и крилниот играч Тајсон Ворд со 11 поени и 7 скока.
Во тимот на Монако, блескаше Дијало со 18 поени, 6 скока и 3 асистенции, Џордан Лојд, постигна еден поен помалку, додека Тарпи го заврши натпреварот со 16 поени, 7 скока и 3 украдени топки.