Top Sport

Мал е интересот за натпреварите на клупскиот Мундијал

Групната фаза на Светското клупско првенство на ФИФА ја обележа малата посетеност на стадионите низ САД. Капацитетите на стадионите, на ки се играат натпреварите (вкупно 48 во фазата по групи) биле исполнети 56,7 проценти.

На некои натпревари, како оние во Орландо, присуствуваа само 3.412 и 6.730 гледачи, а сличен случај беше и со Синсинати (5.282 и 8.239 гледачи).

Според податоците од ФИФА, вкупната посетеност била 1,67 милиони, од можни 2,95 милиони, што дава просек од 34.759 гледачи по натпревар.

Стадионот во „Ист Радерфорд“ во Њу Џерси, каде што ќе се игра финалето на Светското првенство следната година, беше полн само 44,9 проценти, додека половично бил исполнет капацитетот на стадионот во Пасадена, Калифорнија, кој беше домаќин на финалето на Светското првенство во 1994 година.

ФИФА во соопштението наведува дека голем број навивачи од 168 земји купиле билети, „што јасно зборува за глобалната важност на настанот“.

Нокаут фазата на Светското клупско првенство започнува вечерва во 18 часот, кога бразилските екипи Палмеирас и Ботафого ќе се сретнат на стадионот во Филаделфија.

Девет екипи од Европа се квалификуваа за осминафиналето, четири од Бразил и по еден од МЛС (Американска професионална лига), Мексико и Саудиска Арабија.

Scroll to Top