Top Sport

Фенер му зеде „мерка“ на Химки, Реал „спасуваше глава“ во Милано (видео)

На рускиот гигант Химки не му оди најдобро во Евролигата, откако на гостувањето во Истанбул загубија со 93:85 од Фенербахче за втор пораз оваа сезона.

Домашните ја направија предноста во првото полувреме, добивајќи го со 54:43, по што залуден беше обидот за кам-бек на рускиот клуб. Николо Мели имаше 16 поени, а Мухамед Али и Луиџи Датоме со 14, додека Алексеј Швед повторно беше маестрален за Хумки со 26 поени, кои повторно не беа доволни.

Актуелниот шампион од Евролигата, Реал Мадрид убаво се намачи во Милано, каде што губеше со фантастични 15 поени разлика по првата четвртина, за да се врати за импресивна 91:85 победа. Ентони Рендолф уфрли 25 поени за „кралевите“, додека Факу Кампацо додаде 21, додека за Армани, Мајк Џејмс имаше 21, а Владимир Мицов 20 поени.

Жалгирис Каунас пак, успеа да слави во Турција, откако со 93:79 го победи Анадолу Ефес предводен од фантастичниот Брендон Дејвис со 18 поени. Олимпијакос за малку ќе ја пропуштеше веќе обезбедената победа против Басконија, но издржа во последната четвртина за 85:80 триумф.

ЕВРОЛИГА, 2.КОЛО

Анадолу Ефес – Жалгирис Каунас 79:93 (19:19, 13:27, 16:22, 31:25)

Фенербахче – Химки 93:85 (28:21, 26:22, 12:20, 27:22)

Басконија – Олимпијакос 80:85 (19:27, 20:23, 10:17, 31:18)

Милано – Реал Мадрид 85:91 (28:13, 22:28, 14:26, 21:24)

Scroll to Top