Top Sport

Еспањол продаден за 200 милиони евра

Фото/ EPA-EFE/ANDREU DALMAU

Фудбалскиот клуб Еспањол од Барселона наскоро ќе има нови сопственици.

Според „Марка“, станува збор за американскиот инвестициски фонд „Велосити Спорт Партнерс (ВСП)“, основан и управуван од бизнисменот Алан Пејс.

Овој фонд е и мнозински сопственик на англискиот премиерлигашки клуб Брајтон.

„Марка“ пишува дека целата трансакција изнесува 200 милиони евра, од кои 180 се инвестиции со кои новите сопственици ќе преземат 99 отсто од акциите во клубот, а дека дополнителни 20 ќе бидат издвоени како стимулација поврзана со перформансите и целите за перформанси.

„Ова е една од најголемите инвестиции во шпанскиот фудбал во последните години“, пишува „Марка“.

Конечниот договор меѓу двете страни, старите и новите сопственици, е постигнат по три месеци интензивна проверка на сите документи, договори и внатрешната структура на клубот.

Се очекува договорот да биде финализиран следната недела, со што би започнала нова ера на Еспањол, чиј прв чекор со новите сопственици би бил зајакнување на тимот за следната сезона.

Scroll to Top