Top Sport

Сака да го напушти Манчестер Јунајтед, подготвен да игра за пониска плата во Јувентус

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Џејдон Санчо, е подготвен да прифати пониска плата за да го напушти клубот и да се приклучи на Јувентус, објавија британските медиуми.

Санчо е подготвен да се согласи на плата помала од 200.000 фунти неделно за да се приклучи на Јувентус, но италијанскиот клуб не ги прифатил условите на Јунајтед, ниту барањата на играчот, објави „Дејли меил“.

Санчо моментално заработува 300.000 фунти неделно и би прифатил плата од нешто повеќе од 180.000 фунти, или 7 милиони фунти годишно.

Се вели дека Јувентус предложил годишна плата од 5 милиони фунти плус бонуси, што би значело дека Англичанецот би заработувал 130.000 фунти неделно.

Неговиот клуб бара 25 милиони фунти.

Санчо побарал да го напушти „Олд Трафорд“ и, според медиумските извештаи, му било кажано да не доаѓа во тренинг-центарот бидејќи не е во добри односи со менаџерот Рубен Аморим.

Санчо минатата сезона ја помина на позајмица во Челзи, каде што одигра 31 натпревар.

Неговиот договор истекува за една година и ова е последното лето кога Јунајтед би можел да заработи од неговото заминување.

Scroll to Top