Top Sport

Јамал може да заврши на суд оти на 18. роденден повикал џуџиња да ги забавуваат гостите

Шпанскиот фудбалер Ламин Јамал минатиот викенд го прослави својот 18-ти роденден на Ибица. Ѕвездата на Барселона на прославата ги покани своите соиграчи, бројни познати личности и неколку светски инфлуенсери.

Шпанските медиуми пишуваат дека Јамал им ги одзел мобилните телефони на гостите уште на влезот, па ниту една снимка од внатрешноста на вилата не стигна до јавноста.

Сепак, шпанските новинари пренесоа вест за џуџиња која предизвика вистински скандал. Џамал наводно ангажирал лица со нисок раст за да ги развеселуваат и насмеваат гостите на неговата роденденска прослава.

Шпанското здружение за лица со ахондроплазија и други дисплазији АДЕЕ (ADEE) се огласи со јавна осуда, тврдејќи дека на 18. роденден на Јамал на Ибица биле ангажирани лица со нисок раст за забавни цели.

Медиумите наведуваат дека нивното присуство било исклучиво за забава, што се смета за дискриминаторско.

„Апсолутно е неприфатливо во 21. век лицата со џуџест раст да се  користат како атракција на забави“, се наведува во соопштението на Здружението.

АДЕЕ извести дека поведува правни постапки против организаторите на настанот. Сè уште не е јасно дали Ламин Јамал или домаќините на забавата ќе бидат тужени, но социјалниот притисок расте, а случајот добива меѓународен одек.

Фото: ЕПА

 

Scroll to Top