Во Наполи, Кевин де Брујне ќе има чест да го носи „десетката“ на Марадона, која еднаш беше повлечена од употреба.
Белгиецот го коментираше овој потег на клубот, и како што вели не можел да поверува.
„Да ви ја кажам вистината, на почетокот бев малку изненаден, бидејќи бев убеден дека дресот е повлечен, но во секој случај ми е чест да го носам. Клубот навистина ме почести со тој гест, а во исто време ми даде и поголема одговорност“, рече поранешниот играч на Манчестер сити.
По 10 години, Де Брујне го напушти Манчестер сити и се пресели во Наполи, и како што наведува, нема да чувствува поголем притисок поради „десетката“ на грбот.
„Марадона е Марадона, еден од најголемите играчи на сите времиња, легенда на играта, синоним за Наполи. Благодарен сум и горд, но јас сум, јас. Ќе се обидам да ја завршам мојата работа тука најдобро што можам и се надевам дека ќе донесам радост во клубот и тимот, градот и навивачите“.