Феликс Баумгартнер (56), австриски екстремен спортист познат по своите историски скокови со падобран и рекорди што ги поместија границите на човечките можности, почина пред една недела во несреќа во Италија. Почина во Порто Сант’Елпиди за време на лет со параглајдер.
Првичните извештаи велеа дека Баумгартнер починал откако му се слошило во воздух и ја изгубил контролата врз параглајдерот. Се шпекулираше дека станува збор за срцев или мозочен удар бидејќи Австриецот починал на лице место.
Обдукцијата го покажа спротивно, потврди германскиот „Билд“. Баумгартнер починал поради силен удар во кој му бил скршен ‘рбетот во долниот дел.
Баумгартнер стекна светска слава во 2012 година благодарение на проектот „Ред Бул Стратос“. Скокна од капсула што била подигната со хелиумски балон на висина од 39 километри над пустината во Ново Мексико. За време на слободниот пад, тој ја пробил звучната бариера, достигнал брзина од 1357 км/ч и постави голем број светски рекорди.
Тој настан го следеа повеќе од осум милиони гледачи во живо, а Баумгартнер на тој начин стана симбол на човечката храброст и пионер во истражувањето на екстремните физички напори.
Австриецот го загуби животот во несреќа во која неговиот моторизиран параглајдер се урна во хотелскиот базен.
Фото/ Принскрин