Top Sport

Влаховиќ би можел да се пресели на „Сан Сиро“

Српскиот репрезентативец, Душан Влаховиќ би можел да замине во Милан од Јувентус. Двата клуба воспоставиле контакт, а италијанските медиуми проценуваат дека „старата дама“ ќе бара отштета помеѓу 18 и 20 милиони евра.

Влаховиќ е голема желба на тренерот на Милан, Масимилијано Алегри, кој го тренираше и додека беше на чело на Јуве.

Исто така, Влаховиќ, кој веќе одби неколку профитабилни понуди, би сакал да се пресели на „Сан Сиро“. Неговиот договор со Јувентус истекува во јуни следната година и во последната сезона тој треба да биде најплатениот фудбалер не само на Јувентус туку воопшто во Серија А, со платат од 12 милиони евра.

Пред три и пол години, Јуве ѝ плати на Фиорентина 83 милиони евра за Влаховиќ, но во јануари оваа година, со доаѓањето на Рандал Коло Муани на шестмесечна позајмица, српскиот централен напаѓач падна во втор план. И покрај ова, Влаховиќ имаше добри перформанси минатата сезона, постигнува 15 гола и забележа пет асистенции.

foto EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Scroll to Top