Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема, се огласи по повод пишувањата дека неговиот поранешен соработник Лео Д’Соуза, пред судот во нантер поднел тужба за киднапирање.
На 8 октомври, Д’Соуза поднел тужба до полициската станица во градот Нантер откако претходниот ден се случил иницдентот. Агентот сакал да префрли 50.000 евра од Франција во Мароко, но оваа сума била запленета на аеродромот бидејќи Бензема сметал дека тој му ги должи парите.
По ова, Лео Д’Соуза отишол во бар со наргилиња во Нантер со пријател од детството на Бензема, по што бил грабнат и ставен во комби кое било паркирано пред барот. Агентот одбил да го направи ова, по што бил удрен пред сопственикот на барот да побара тие да си заминат.
Откако „Медиапринт“ ја објави информацијата, која веднаш ја пренесоа сите светски медиуми, се огласи адвокатот на фудбалерот Силван Кормие.
„Ова е обид да се прикријат нелегалните активности на Д’Соуза“, рекол Кормие.
Доцна синоќа преку социјалните мрежи се јави и Бензема.
„Свету дали си сериозен?“, напишал напаѓачот на Реал на својот налог на „Твитер“.
« Un proche de Benzema touche le bras de De Souza, c’est un enlevement » « De Souza est roué de coups, il n’a aucun jour d’ITT » « De Souza dit que Benzema était dans le Van, thèse écartée par les enquêteurs » Ce monde est-il sérieux ? #FautArreter #Givemeabreak #CTrop pfff ?
— Karim Benzema (@Benzema) October 18, 2018
Ова не е првпат Бензема да има судир со законот – тој беше обвинет дека го уценувал својот тогашен колега од француската репрезентација Матју Валбуена со секс-снимка, по што беше исфрлен од репрезентацијата, каде што уште не се врати. Судот го ослободи Бензема во овој случај.