Top Sport

Млад дефанзивец на Ајакс во Челзи за 35,5 милиони фунти

Челзи постигна договор со Ајакс за трансферот на младиот дефанзивец Јорел Хато.

Како што објави „Скај спорт“, „сините“ ќе платат 35,5 милиони фунти (42 милиони евра) плус одредени бонуси за 19-годишниот холандски репрезентативец.

Хато ќе отпатува во Лондон во наредните денови на медицински прегледи пред да потпише повеќегодишен договор.

Тој не беше во тимот на Ајакс за Купот Комо во неделата бидејќи не сакаше да ризикува повреда пред да се пресели на „Стемфорд Бриџ“.

Челзи го реализираше трансферот на Хато, како замена за Марк Кукуреља на левата бековска позиција. Шпанецот минатата сезона одигра речиси 70 натпревари за клубот и репрезентацијата.

Хато ќе стане седмиот играч што Челзи го потпиша ова лето, по Жоао Педро, Лиам Делап, Џејми Гитенс, Естевао Вилијан, Дарио Есуго и Мамаду Сар.

Foto/ EPA

Scroll to Top