Португалскиот репрезентативец Жоао Палиња се сели на едногодишна позајмица во Тотенхем.
Тесната соработка меѓу Баерн и Тотенхем продолжува. Трансфер рокот не поминува без играч да премине од еден клуб во друг. Блиски примери се Хари Кејн, Ерик Дајер, Матис Тел, а сега и Жоао Палиња се приклучи на таа листа.
Португалецот се враќа во Премиер лигата. И тоа во познат град, бидејќи беше член на Фулам од 2022 до 2024 година.
Во случај Тотенхем и Палиња да посакаат да ја продолжат соработката по оваа сезона, одредена е откупна цена од 30 милиони евра.