Новинарите очекуваа смена на тренерот на Баерн, Нико Ковач, но наместо тоа беа предупредени од клупските челници дека секој што во иднина ќе пишува невистини за клубот и неговите играчи ќе добие тужба.
Баерн, неговите играчи и тренерот Ковач, изминатите недели се на удар на медиумите поради лошата форма и резултати. Многумина со нетрпение ја очекува прес конференцијата со надеж дека тренерот ќе добие отказ, но наместо тоа челниците Ули Хемес и Карл-Хајнц Румениге заедно со спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ им ја дадо поддршката на тренерот и фудбалерите, а на новинарите им порачаа да покажат повеќе почит кон нив.
„По натпреварот со Хомандија решивме целосно да застанеме зад нашите играчи, кои се премногу критикувани во изминатите неколку недели. Тука е еден Мануел Ноер кој заслужил многу повќе почит. Неверојатно е што се прочитав за него, а човекот е светски првак. Во ред, не бранеше добро против Аугзбург и Холандија, но не заслужил да чита такви работи. Ние целосно веруваме во него, па тој цела година не бранеше поради повреда. Цела една година“, рекол Румениге и дополнил.
„Читам дека премногу стари се Хумелс и Боатенг…Можеби треба да погледнете малку надвор, да видите како се штитат играчите во другите држави. За Роналдо кој со 33 години замина во Јувентус се пишува се најдобро, а кај нас вие ги бркате Рибери и Робен кои се во клубот десет години. Ова не се однесува само на новинарите, туки и на поранешните наши играчи и тренери. Пред три недели пишувавте дека без пораз ќе ја завршиме сезоната, а сега пишувате дека сме во голема криза. Ќе ги тужиме сите оние што ќе пишуваат лаги за клубот“.