Top Sport

Ѓоковиќ за најтешкиот момент во кариерата: Седев на подот и плачев

Денес Новак Ѓоковиќ делува непобедливо, како во најдобрите денови од кариерата и на сите им е јасно дека само прашање на време е кога ќе се врати на првото место на АТП листата.

Но пред само една година иднината на српскиот играч во тенисот и не беше толку „розева“. Повредата, потоа и операцијата на лактот, придонесоа Ѓоковиќ да губи на турнирите од играчи кои се далеку од светскиот врв. Во тие моменти голем беше бројот на оние кои сметаа дека неговата успешна кариера се ближи кон крајот.

За најтешките моменти во кариерата, периодот пред осум години, Новак Ѓоковиќ, говорел за време на гостувањето кај Луис Хоувс.

„Тогаш на психолошки план ја допрев најниската точка во мојот живот. Плачев и се прашував дали е вредно се ова. Се прашував дали воопшто треба да продолжам. Се сеќавам седев на подот и тренерот Марјан Вајда и физио-тарапевтот Марин Амановиќ ми говореа дека треба да се смирам, да дишам длабоко, да земем одмор колку што сакам. А потоа следуваше прашањето: „Потоа погледни зад себе. Зошто започна да играш тенис, го сакаш ли воопшто?“, рекол Ѓоковиќ и дополнил.

„Дали уште сакаш да го држиш рекетот в рака?“, тоа ме прашаа, а јас им кажав дека сакам. Дека не е важно дали е тоа на некој гренд слем турнир или на обичен терен за тенис. Тогаш тие ми рекоа: „Па тогаш тоа е тоа, тоа е патот по кој треба да се движиш“.

По овој тежок период низ кој минал Новак, следуваше триумфот во Дејвис купот со репрезентацијата на Србија, титулата на Австралијан опен и неверојатната низа од 43 победи.

Scroll to Top