Top Sport

Рафиња за Нико Вилијамс: Мислам дека е подобро што не дојде

Нико Вилијамс беше блиску до договор со Барселона на почетокот на летото, но на крајот се предомисли и одлучи да остане во Билбао. За пропаднатиот трансфер зборуваше и Рафиња, кој немаше пофални зборови за постапката на Вилијамс.

Крилниот напаѓач на Атлетик Билбао во два преодни рока ја извиси Барселона. Лани имаше преговори меѓу двете страни, но потоа Вилијамс одлучи да остане уште една сезона во Билбао. На шпочетокот на ова лето преговорите беа интензивни, Барселона
закажа медицински прегледи, но одеднаш се случи нов пресврт.

Вилијамс повторно се предомисли и ја извести Барселона дека решил да ја продолжи соработката со Билбао. Овој потег ги изненади челниците на Барселона, кои беа шокирани од фактот дека Вилијамс повторно ги изигра.

За неуспешниот трансфер зборуваше и Рафиња, кого новинарите го прашаа за целата ситуација, а Бразилецот не го поштеди младиот човек од Билбао.

„Бев смирен во текот на целата ситуација. Играчите кои сакаат да дојдат во Барселона мора да се борат за овој клуб. За мене, најважно е што имаме луѓе во тимот кои навистина сакаат да бидат тука“, рече Рафиња и додаде:

„Оние кои не сакаат да бидат тука, подобро е воопшто да не дојдат. Добрата работа е што имаме млади таленти кои сакаат да бидат во овој тим и да го носат дресот на Барселона. Оние кои не сакаат, подобро е да не дојдат. Затоа мислам дека е подобро што тој не дојде“.

Scroll to Top