Томас Парти го напушти Арсенал како слободен играч ова лето и ќе потпише договор со Виљареал.
Репрезентативецот на Гана на тој начин ќе се врати во Шпанија, каде што играше за Атлетико Мадрид, каде што ја започна кариерата, најпрвин во младинскиот погон, а птооа и во првиот тим. Во Арсенал се пресели во 2020 година за 50.000.000 евра.
Интересно е што Парти ќе дебитира против Арсенал, во пријателски натпревар закажан за среда, 6 август, на стадионот „Емирати“ во Лондон.
Парти ќе биде најголемото засилување за Марселино Торал, иако Виљареал го доведе талентираниот крилен играч на Лас Палмас, Алберто Молеиро ова лето, како и Сантијаго Мурињо од Атлетико Мадрид и Тахон Бјукенан од Интер.
Парти има 32 години и сигурно ќе има уште неколку сезони во Ла Лига, а потпиша со Виљареал до летото 2027 година.
Foto/ EPA/VINCE MIGNOTT