Top Sport

Хорфорд има договор со Вориорс

Голден Стејт Вориорс имаат усмен договор со ветеранот Ал Хорфорд за следната сезона.

Според аналитичарот на НБА, Џејк Вајнбах, Вориорс постигнале договор со поранешниот Ол-стар, кој има титула со Бостон Селтикс.

Се очекува Вориорс повторно да потпишат со Гари Пејтон и Дионтони Мелтон.

Вајнбах наведува дека овие три потписи нема да бидат официјализирани сè додека не се реши ситуацијата со Џонатан Каминга, кој би можел да ги напушти Вориорс.

Хорфорд (39) играше за Бостон минатата сезона, каде што имаше просек од 9 поени, 6,2 скока и 2,1 асистенции во 60 натпревари во текот на регуларната сезона.

Фото/ Принскрин

Scroll to Top