Фудбалскиот клуб Интер Мајами на својата официјална веб-страница објави дека повредата на Лионел Меси, која Аргентинецот ја заработи на натпреварот против мексиканската Некакса, не е од сериозна природа.
Сепак, сè уште не е познато кога ќе се врати на теренот и дека неговото закрепнување, како и влегувањето во тренинг, ќе бидат под посебен надзор.
Пред две ноќи, Меси го напушти теренот по само 10 минути.
Почувствува болка во мускулот на десната нога и само седна на тревата, но подоцна беше утврдено дека не е ништо сериозно и дека паузата ќе биде многу пократка од очекуваното.
Но, кога ќе се врати останува прашање. Тој сигурно нема да биде таму во среда на дуелот против УНАС Пумас.
Фото/ Принтскрин