Кошаркарот на Сан Антонио Спарс, Диерон Фокс, потпиша нов, максимален договор со НБА франшизата од Тексас. За четири години ќе заработи 229 милиони долари.
Фокс ќе заработува 57,5 милиони долари годишно во следните четири години.
За споредба, Лука Дончиќ потпиша тригодишен договор со Лос Анџелес Лејкерс, според кој ќе заработува 165 милиони долари во текот на три години, или 55 милиони долари годишно.
Фокс беше разменет во февруари 2025 година, во трејдот учествуваа три франшизи: Сакраменто Кингс, Сан Антонио Спарс и Чикаго Булс.
Тој имаше просек од 19,7 поени, 6,8 асистенции, 4,3 скока и 1,5 украдени топки по натпревар во 17 натпревари минатата сезона за Сан Антонио Спарс.
Во својата кариера, претходно играше за Сакраменто Кингс, кои го избраа како петти пик на НБА драфтот во 2017 година.