Канадската тинејџерка Викторија Мбоко ја освои својата прва ВТА титула откако изненадувачки ја победи четирикратната Гренд слем шампионкса, Наоми Осака.
Во финалето на Мастерсот во Монтреал, тинејџерката славеше над Осака со 2-6, 6-4, 6-1.
18-годишната тенисерка, која дојде на турнирот со „вајлд карта“, се опорави откако го загуби првиот сет во кој поранешната тенисерка број еден во светот експресно повреде со 3:0.
Во вториот сет, Мбоко направи брејк за водство од 5:2, потоа го освои својот сервис и се избори за трет сет. Решавачкиот момент во третиот сет се случи кога Мбоко поведе со 3-1 откако спаси четири брејк топки во клучниот четврти гем.
Ова беше четвртата победа на Мбоко над победничка на Гренд слем, откако ги елиминираше Софија Кенин, Коко Гоф и Елена Рибакина на патот до финалето.
Foto/ EPA/GRAHAM HIUGHES