Лука Дончиќ, неодамна го продолжи договорот со ЛА Лејкерс, за три сезони ќе добие 165 милиони долари, а потоа и се приклучи на репрезентацијата, на подготовките за Европското првенство кое ќе започне на 27 август.
Дончиќ бил забележан во центарот на Љубљана зад воланот на електричниот хиперавтомобил „Rimac Nevera“. Познато е дека кошаркарот на ЛА Лејкерс и ѕвезда на НБА лигата е голем љубител на автомобили, а во неговата гаража се кријат вистински брзи автомобили, пишува ekipa.svet24.si. Неодамна, бројот на автомобили во таа гаража е зголемен.
На кошаркарот возилото му било доставено пред хотел во центарот на градот. Станува збор за електричен спортски автомобил со неверојатни перформанси од хрватскиот производител „Rimac Automobili“.
„Nevera“ забрзува од 0 до 100 км/ч за неверојатни 1,8 секунди, а достигнува 300 км/ч за нешто повеќе од девет секунди. Максималната брзина на овој хиперавтомобил напојуван од четири електрични мотори со вкупна моќност од 1914 КС е 412 км/ч. Дончиќ возеше впечатлива црвена верзија, чија цена е околу два милиони евра.
Foto/ ekipa.svet24.si