Фудбалерите на Кристал Палас го освоија првиот трофеј во сезоната, откако го победија Ливерпул во популарниот Комјунити Шилд на „Вембли“ по подобро изведување на пенали.
Во регуларниот дел од натпреварот, резултатот беше 2:2. Ливерпул двапати поведе во текот на натпреварот, но двата пати освојувачите на ФА Купот успеаја да се вратат во живот и да победат на пенали.
Нови играчите од Бундеслигата доминираа, Флоријан Вирц му асистираше на Уго Екитике во 4-та минута за првиот гол на натпреварот.
Жан-Филип Матета возврати во 17-та минута од пенал, што најави нов спектакуларен дуел на „Вембли“.
Сепак, само четири минути подоцна, гол постигна уште еден играч кој лртово го засили Ливерпул, Џереми Фримпонг постигна гол за Ливерпул, на асистенција на Доминик Собослај. Во 77-та минута, Ибрахима Сар изедначи на 2:2.
Немаше повеќе голови, па веднаш се шутираа пенали. Во пенал серијата доминираше голманот на Палас, Дин Хендерсон.
Тој ги одбрани ударите на Мекалистер и Елиот, додека Салах промаши, што беше доволно Палас да направат уште едно големо изненадување.
Матета, Сар и Девени погодина за вториот голем трофеј во историјата на Палас, во рок од два и пол месеци еден од друг.
Foto/ EPA/TOLGA AKMEN