Top Sport

Двајца искусни возачи се поврзуваат со Кадилак Ф1

Новиот тим на „Кадилак Ф1“ сè уште не го потврдил составот на возачи за својата дебитантска сезона. Според најновите информации, во игра се двајца возачи со големо искуство и победничко педигре.

Во 2026 година, „Џенерал моторс“ ќе влезе во Формула 1 како 11-ти тим под луксузниот бренд „Кадилак“.

Дебито ќе се случи во моментот кога ќе стапат во сила новите технички правила, а проектот е заеднички потфат помеѓу „Џенерал моторс“ и „ТВГ“.

Греам Лоудон беше назначен за шеф на тимот, додека во меѓувреме беа донесени голем број искусни лица од други тимови на Ф1. Иако составот на возачи сè уште не е потврден, медиумите споменуваат неколку можни кандидати.

Највисоко на листата котираат имињата на поранешните возачи на Мерцедес и Ред Бул: Серхио Перез и Валтери Ботас. Исто така со новиот тим се поврзуваат Мик Шумахер, Џоу Гуанју и Фелипе Другович, како и американските возачи Зак Крофорд и Колтон Херта.

Scroll to Top