Top Sport

Суспендиран судијата Дејвид Кут

Англиската фудбалска асоцијација (ФА) го суспендира поранешниот судија од Премиер лигата, Дејвид Кут, на два месеци.

Суспензијата му е изречена поради навредливи коментари за поранешниот тренер на Ливерпул, Јирген Клоп, објавени на социјалните мрежи.

ФА во соопштението наведува дека Кут изразил „длабоко каење“, признавајќи дека неговите коментари биле „груби и несоодветни“.

Кут (43) ќе мора да посетува образовен курс покрај суспензијата.

Во ноември минатата година, на интернет се појави видео во кое Кут зборува навредливо за националноста на германскиот тренер. Видеото е снимено во јули 2020 година додека Клоп го водеше Ливерпул.

Еден месец подоцна, Кут беше отпуштен од Премиер лигата, а набрзо беше суспендиран и од Европската фудбалска унија (УЕФА), поради видео на кое наводно се гледа како користи кокаин за време на Европското првенство.

Суспензијата на Кут од УЕФА истекува на 30 јуни 2026 година.

Фото/ Принтскрин

(Видео) Судијата во ПЛ суспендиран поради „Ливерпул е ср.ње, Клоп е пи..а“

(Видео) Уште еден скандал на судијата Кут, шмркал кокаин

Scroll to Top