Top Sport

Поратланд има нов газда

НБА франшизата на Портланд Треил Блејзерс е продадена за над четири милијарди долари.

Според непогрешливиот НБА инсајдер Шамс Чаранија, Портланд го купува Том Дандон, американски бизнисмен.

Дандон моментално е сопственик на НХЛ тимот Каролина Харикенс, кој го купи во 2018 година за 450 милиони, а ги купува Треил Блејзерс од Пол Г. Ален.

Љубителите на кошарката во Портланд не мора да се грижат, бидејќи новиот сопственик и неговите соработници планираат да ја задржат франшизата во тој град, пишуваат американските медиуми.

Треил Блејзерс ја завршија минатата сезона надвор од плејофот со резултат од 36-46, близу дното на Западната конференција. Неодамна го вратија Дамијан Лилард, кој ќе ја помине следната сезона опоравувајќи се од повреда на Ахиловата тетива.

Франшизата од Орегон има една НБА титула освоена во 1977 година, тие ја освоија конференцијата три пати, а дивизијата шест пати.

За споредба, неодамна имавме две големи продажби во НБА – Лејкерси беа продадени за 10, а Селтикси за шест милијарди долари.

Scroll to Top