Top Sport

Пјатри: Се подобрив како возач, напреднав во сите области

Оскар Пјастри, возачот на Мекларен во Формула 1 и лидер во генералниот пласман во шампионатот на Формула 1, ги откри најголемите разлики во автомобилот во последните 12 месеци.

Во текот на првите две години во Мекларен, Оскар Пјастри постојано губеше од Ландо Норис, кој имаше неколку години искуство повеќе, но со текот на времето разликата се намалуваше.

По 14 рунди од сезоната во 2025 година, резултатот меѓу Пјастри и Норис кога станува збор за квалификациите е изедначен – 7:7.

Пјастри, има шест победи, една повеќе од Ландо Норис, и поради тоа Австралијанецот има девет бода повеќе од Англичанецот во трката за шампионската титула.

„Се подобрувам во сите области. Минатата година имав неколку викенди кои беа многу добри, а потоа чувствував дека имам доволно моќ да победувам на трки кога сум во најдобра форма. Но, помеѓу нив имаше многу просечни трки, а понекогаш и лоши денови. Оваа година имаше многу повеќе добри денови“, вели Пјастри.

Тој дополнително го објасни своето тврдење.

„Се подобрив како возач, но мислам дека успеав почесто да се приближувам до она што го сметам за мој целосен потенцијал. Тоа беше најголемата работа. Не произлезе од една специфична област, туку од разгледување на многу различни работи. Можноста почесто да го постигнувам она што го сметам за мое најдобро издание, направи разлика“, вели Оскар.

Scroll to Top