Top Sport

Новата ѕвезда на Реал Мадрид ги шокираше навивачите со одговор на прашањето „кој е најдобар фудбалер во светот?“

Попладнево, Реал Мадрид официјално го промовираше најновото засилување и воедно ѕвездата на тимот, Аргентинецот Франко Мастантуоно, кој ветува светла иднина. Тој е поранешен играч на Ривер Плејт кој има само 18 години и е платен 45 милиони евра.

Сепак, за време на неговата презентација на прес-конференцијата на стадионот „Сантијаго Бернабеу“, тој изненади со некои од одговорите што ги даде.

Неговиот одговор на прашањето кој е најдобриот фудбалер во светот привлече најголемо внимание.

„За мене, тоа е Меси. Јас сум Аргентинец и за мене тој е најдобриот во светот“, рече Мастантуоно, оставајќи многумина без зборови на „Бернабеу“.

Некои навивачи на Реал сигурно ќе му замерат, бидејќи во Мадрид е „забрането“ да се каже дека Меси е подобар од Кристијано Роналдо.

ФОТО/ EPA/Chema Moya/

Scroll to Top