Top Sport

Рома води во трката за потписот на Санчо

За Џејдон Санчо нема место во Манчестер јунајтед. Крилниот напаѓач минатата сезона ја мина на позајмица во Челзи, ја освои Конференциската лига, но „сините“ решија да не го откупат неговиот договор. Бидејќи се откажаа му платија осум милиони евра на Манчестер јунајтед.

До крајот на летото Санчо ќе има нов клуб, а според информациите најблиску е до преселба во Рома.

Римјаните тргнаа во офанзива по потписот на Санчо, откако преговорите со Јувентус, а претходно и со Наполи беа неуспешни. Во еден момент, Борусија Дортмунд исто така беше сериозна опција, но Германците не беа конкретни со својата понуда.

Јунајтед е подготвен да го пушти на позајмица, но со задолжителен откуп следното лето. Наводно, Јунајтед бара 20.000.000 фунти, или околу 23.000.000 евра, но следното лето, до кога Рома би го покрила поголемиот дел од приходите на Санчо.

Новиот тренер Џанпјеро Гасперини веројатно верува дека може да го разбуди Санчо и да го искористи неговиот талент.

Фото/ Принтскрин

Scroll to Top