Top Sport

Мареска побара да му донесат уште еден централен дефанзивец

Менаџерот на Челзи, Енцо Мареска, сака да доведе уште еден централен дефанзивец пред крајот на преодниот рок.

Повредата на Ливај Колвил целосно ги наруши плановите на Мареска, бидејќи тој беше најстандарден стопер во тимот. Точно е дека Фофана се врати по долга пауза и уште една сериозна повреда, но прашањето е дали може да се натпреварува во овој момент.

„Клубот знае што мислам. Логично е дека сакам уште еден стопер по повредата на Колвил. Ќе видиме кои се нашите опции“, рече Мареска пред почетокот на Премиер лигата и натпреварот со Кристал Палас.

Сепак, медиумите објавуваат дека Челзи ќе купи нов стопер само ако Аксел Дисаси или Беноа Бадијашил си заминат.

Засега, единствениот сигурен стопер е Тосин Адарабиојо, додека можно е негов партнер во одбраната да биде засилувањето од Ајакс, 19-годишниот Хато.

Челзи ја отвора сезоната во недела во 15:00 часот кога ќе го пречека Кристал Палас на „Стемфорд Бриџ“.

Foto/ EPA/Jakub Kaczmarczyk

Scroll to Top