Top Sport

Олимписките објекти во Лос Анџелес ќе ги носат имињата на спонзорите

Организацискиот комитет на Олимписките и Параолимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година објави дека арените во тој град ќе носат имиња на спонзори, што е прв пат во историјата на ова натпреварување.

„Овие револуционерни спонзорства не само што ќе донесат значителни приходи за „ЛА28“, туку ќе воведат и нови деловни практики што ќе и користат на целата Олимписка акција“, рече претседателот на Организацискиот комитет, Кејси Васерман, додавајќи дека одлуката е донесена со одобрение од Меѓународниот олимписки комитет (МОК).

Организаторите ги објавија имињата на првите два спонзори, па така терените за сквош ќе го носат името на медиумската компанија „Comcast“, додека одбојкарските сали во Анахајм ќе го носат името на јапонската компанија „Honda“.

Компаниите што веќе имаат имиња на спонзори на олимписките објекти (како стадионот SoFi) ќе имаат можност да ги задржат имињата.

Олимписките игри во Лос Анџелес се закажани од 14 до 30 јули 2028 година.

Фото/ Принтскрин

Scroll to Top