Top Sport

Најголема „кражба“ ова лето, Езе го чекаа во Тотенхем тој замина во Арсенал

Еберечи Езе реши да ја продолжи кариерата во Арсенал по ненадејниот пресврт во финишот на преодниот рок. До вчера, Арсенал и Тотенхем се бореа за неговиот потпис, а англиските медиуми објавија дека договорот со Арсенал е завршен за еден ден. Станува збор за 26-годишен офанзивен играч од средниот ред кој има договор со Кристал Палас до летото 2027 година.

Во текот на изминатата недела, се чинее дека прашање на денот е кога Тотенхем ќе го комплетира трамсферот на Езе, кој изјави дека сака да се пресели во редовите на Спарс.

Фабрицио Романо напиша: „Директорите на Тотенхем и Кристал Палас, Даниел Леви и Стив Париш, се во директен контакт околу трансферот на Еберечи Езе. Спарс прифатија да испратат фиксна понуда од 65 милиони евра плус 10 милиони бонуси. Езе потврди дека сака да се приклучи на Тотенхем.“

Неверојатниот пресврт се случи доцна синоќа, објави Дејвид Орнштајн. Арсенал ја изедначил таа понуда и додал бонуси.

„Андреа Берта му се јавил на Езе и кој веднаш му наредил на својот менаџер да прекине каков било контакт со Тотенхем. Сопственикот на Кристал Палас Париш денес додека пазарувал бил воодушевен од тоа колку брзо Берта успеал да ја изведе оваа „кражба“. Џош Кронке веднаш дал зелено светло да го донесе. Езе ќе помине медицински прегледи до крајот на неделата и ќе биде претставен како нов играч на Арсенал“, тврди Орнштајн.

Познато е дека Езе порано навивал за Арсенал. Пред неколку години, тој рекол: „Јас сум нивен навивач уште од мал. Играв таму во младинските категории. Отсекогаш го сакав Тиери Анри и тоа беше една од причините зошто дојдов во академијата на Арсенал. Секако, сакав да играм за клубот што го сакам и да растам со нив.“

Инаку, Арсенал започна преговори со Палас откако поливалентниот напаѓач Каи Хаверц заработи повреда на коленото.

Foto/ EPA/DANIEL HAMBURY

Scroll to Top