Top Sport

Енди Диуф пристигна во Интер

Интер, успеа да реализира еден од двата планирани трансфери пред крајот на преодниот рок. Трансферот на играчот од средниот ред на Ленс, Енди Диуф (22), е договорен, објавија италијанските медиуми.

Диуф, кој играше за француската репрезентација до 21 година, треба да потпише петгодишен договор со „нероаѕурите“, а на Ленс ќе му бидат исплатени 20 милиони евра отштета и уште пет милиони потенцијални бонуси.

Диуф ја помина фудбалската академија на Рен, а својата сениорска кариера ја започна во Базел, Швајцарија. Пред две години, Ленс го купи за 14 милиони евра. Тој одигра две одлични сезони во францускиот клуб, а експертите го опишуваат како прототип на модерен играч од средниот ред со голем опсег на движење.

Раководството на Интер постигна договор за трансферот на Диуф во последните два дена, иако Наполи и Вест Хем беа заинтересирани за него.

До крајот на преодниот рок, Интер има намера да ја засили одбраната со централен дефанзивец, а во потесниот список останаа уште двајца играчи: Умар Солет (25) од Удинезе и Лоик Баде (25) од Севилја.

Фото/ Принтскрин

Scroll to Top