Top Sport

(Видео) Олисе започна, Кејн го декласира Лајпциг

Фудбалерите на Баерн беа повеќе од убедливи на отворањето на новата сезона во Бундеслигата. Актуелниот шампион на Германија го пречека тимот на Лајпциг и го декласира со 6:0.

Традицијата продолжи, бранителот на титулата речиси никогаш не ги губи натпреварите што вообичаено ги игра на отворањето на новата сезона.

Исто беше и сега, бидејќи Баерн не остави ниту една шанса за тимот од Лајпциг, за да можат да се вратат од Минхен со бодови.

Од почетокот на натпреварот, домашниот тим го наметна својот ритам и агресивно го нападна голот на гостите.

Лајпциг успеа да издржи до 27-та минута кога Микеал Олисе го совлада Петр Гулачи. Само пет минути подоцна, по една од најдобрите акции на Баерн на овој натпревар, која беше украсена со атрактивно додавање на Серж Гнабри, а ја заврши со гол Луис Дијаз.

До крајот на првото полувреме од натпреварот, Олисе го постигна својот втор гол на натпреварот по нова асистенција од Гнабри.

Второто полувреме го одбележа само еден човек, Хари Кејн.

Најдобриот стрелец минатата сезона, не можеше подобро да ја започне новата натпреварувачка гсезона, бидејќи веќе постигна хет-трик во првиот натпревар.

Во второто коло, Баерн ќе игра против Аугсбург во мало баварско дерби, додека Лајпциг ќе го пречека Хајденхајм на домашен терен.

Foto/ EPA/RONALD WITTEK

Scroll to Top