Top Sport

(Видео) Гвардиола: Конечниот резултат не ја отсликува нашата игра

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, истакна дека неговиот тим не бил доволно фокусиран во клучните моменти против Тотенхем, истакна дека неговите играчи одиграле подобро од она што го покажува конечниот резултат.

Фудбалерите на Тотенхем славеа на „Етихад“ против Манчестер сити (2:0), во второто коло од Премиер лигата.

„Имав чувство дека е малку подобро отколку што покажува резултатот. Почнавме добро, примивме гол каков што мпже да се случи, но направивме премногу грешки во едноставни работи. Со квалитетот што го имаме, неприфатливо е да ја губиме топката толку многу пати. Страдавме во транзициите, а кога го постигнаа вториот гол кон крајот на полувремето, стана тешко“, рече Гвардиола.

Тренерот на Сити нагласи дека неговиот тим мора подобро да реагира на притисокот на ривалите и да најде различни решенија во градењето на нападот.

Scroll to Top