Top Sport

Донарума се договорил со Манчестер сити

Трансфер „бомбата“ што ќе одекне на крајот од преодниот рок ќе биде трансферот на Џанлуиџи Донарума во Манчестер сити. Играчот веќе ги договорил личните услови, двата клуба сè уште треба да се договорат. Во моментот кога Пари Сен Жермен го отпиша италијанскиот голман, беше сосема сигурно дека Донарума ќе се пресели на „Етихад“.

Поранешниот голман на Милан веќе ги договорил личните услови, а останува двата клуба да се договорат за обештетувањето. Пари Сен Жермен сака најмалку 50 милиони евра.

Донарума беше еден од најважните фактори во походот кон титулата во Лигата на шампионите.

Во меѓувреме, Донарума одби да го продолжи договорот кој му истекува наредното лето, откако клубот не сакаше да ги прифати неговите услови.

Пари Сен Жермен практично го отпиша Донарума и двете страни притискаат за трансфер во овој преоден рок.

Пеп Гвардиола одлучи да не ја пропушти оваа можност, иако веќе има тројца голмани во својот состав. Тоа се Едерсон, Ортега и новодојдениот Џејмс Трафорд. Токму тој е стартер на голот на почетокот на сезоната, и не е тајна дека се Сити работи на заминувањата на Едерсон и Ортега.

Scroll to Top