Фудбалерите на Евертон имаа совршено деби на својот нов стадион. По неубедливиот настап и поразот против Лидс во првото коло, играчите на Евертон значително го подобрија впечатокот со победата над Брајтон (2:0)..
Од самиот почеток на натпреварот, Дејвид Мојс на теренот го испрати најзвучното засилување во летниот преоден рок, Џек Грилиш.
Поранешниот играч на Манчестер сити, забележа две аситенции. Во 23-та минута, брилијантно проигра покрај Ендиае, кој со прецизен удар му донесе водство на Евертон.
Уште една магија на Џек Грилиш во 52-та минута, кога му намести гол на Џек Гарнер.
Брајтон можеше да внесе драма во финишот на натпреварот, но Дени Велбек промаши пенал, поточно, голманот Џордан Пикфорд го одбрани ударот од белата точка.
Во следното коло, Евертон ќе гостува кај Вулверхемптон, додека Брајтон има тешка задача пред себе, бидејќи се соочува со Манчестер сити.