Фудбалерите на Леванте водат по првиот дел 2:0 на „Сантијаго Бернабеу“ против Реал. Првиот гол го постигна Моралес во седмата минута, а шест минути подоцна се случи моментот кој предизвика контроверзи и многу коментари на социјалните мрежи.
Во 13.минута играчите на Леванте добија пенал, откако Варан играше со рака. Меѓутоа судијата најпрвин покажа дека ќе има слободен удар, а откако доби сугестија од ВАР собата, тој пресуди дека францускиот дефанзивец играл со рака внатре во шеснаесетникот. Роџер беше прецизен од белата точка и зголеми на 2:0.
Одуката од трибините предизвика свирежи од трибините и лавина од коментари на социјалните мрежи.
Можете и само да процените дали Реал е оштетен или не.