Top Sport

Ѓорѓиев стана европски првак во кик-бокс

Македонскиот репрезентативец во кик-бокс, Димитар Ѓорѓиев, стана европски првак во категоријата до 86 килограми. Ѓоргиев златниот медал го освои на континенталниот шампионат што се одржува во Братислава, Словачка.

Ѓоргиев во финалето го победи рускиот репрезентативец Рамазан Баксанов.

Македонскиот репрезентативец во Братислава ја продолжи успешната низа на големите натпреварувања. Тој е три кратен светски првак, а ова за него беше прво злато од европските шампионати.

Scroll to Top