Top Sport

Барселона не знае каде за две недели ќе ја пречека Валенсија

Барселона е во трка со времето за да го игра натпреварот против Валенсија во 4. коло од Ла Лига на реновираниот „Камп Ноу“. Натпреварот е закажан за 13 или 14 септември, но сè уште не е сигурно дали Каталонците дотогаш ќе ги добијат сите потребни дозволи.

Доколку враќањето на кулниотт стадион не е можно, „Монтиливи“, стадионот на Џирона, се разгледува како резервна опција, додека играњето на „Монжуик“, односно Олимпискиот стадион, е откажано бидејќи концертот на Пост Мелоун ќе се одржи таму на 12 септември, а стадионот нема да биде подготвен за фудбалски натпревар.

Ла Лига нема да дозволи промена на распоредот или промена на домаќинствата, па Барселона не може да игра натпревар на „Местаља“ во Валенсија.

Стадионот „Јохан Кројф“, исто така не е во игра бидејќи со своите 6.000 седишта не го исполнува минималниот капацитет од 8.000 седишта потребни за натпреварите од Примера.

Клубот јасно стави до знаење дека опцијата за играње без публика не доаѓа предвид. Одлучувачка ќе биде инспекцијата на Градскиот совет на Барселона, најавена за вторник.

Потоа ќе се одлучи дали „Камп Ноу“ може повторно да се отвори за навивачите.

Во понеделникот, градежниот инспекотрат, геодетите и компанијата „Лимак“ го потпишаа сертификатот за фаза 1А од работите, со кои стадионот е опремен за 27.000 гледачи.

Технички, ова остава можност дербито со Валенсија да се игра на „Камп Ноу“, но клубот сè уште чека конечни дозволи.

Фото/ Принтскрин

Scroll to Top