Top Sport

Петра Квитова замина во пензија

Петра Квитова, двократната шампионка на Вимблдон, на 35-годишна возраст замина во пензија.

Во мечот од првото коло на Отвореното првенство на САД, каде што нејзиниот најголем дострел во кариерата беше четвртфиналето, Чехинката загуби од Французинката Пари со 6:1, 6:0.

Сепак, публиката ја поздрави големата шампионка со аплауз и овации. Квитова се расплака. Прво, заврши во прегратката на својот сопруг Јиржи Ванек, а потоа и се обрати на публиката на стадионот.

„Ми беше многу тешко, емотивно, да играм. Можев да пружам подобар отпор, но не успеав“, рече Квитова, додавајќи: „Благодарам Њујорк, бидејќи ова е мојот последен танц. Му благодарам на мојот сопруг и тренер Јиржи Ванек, им благодарам на моите поранешни тренери, му благодарам на мојот син, моите родители кои многу жртвуваа. Беше незаборавно патување.“

Квитова го освои Вимблдон во 2011 и 2014 година, а играше и во австралиското финале во 2019 година. Нејзиниот најдобар пласман на ВТА листата беше второто место во октомври 2011 година.

Foto/ EPA/JOHN G. MABANGLO

Scroll to Top