Поранешниот фудбалер на Саутемптон, 19-годишниот Тајлер Диблинг, ќе ја продолжи кариерата во синиот дрес на Евертон.
Клубот од Ливерпул потпиша четиригодишен договор со талентираниот фудбалер, а „Светците“ ќе добијат 35 милиони фунти (околу 40,5 милиони евра) како обештетување, евентуално уште пет милиони во бонуси, што е вкупно 40 милиони фунти (околу 46 милиони евра).
Диблинг дебитираше за Саутемптон кога имаше само 17 години, а во Евертон ќе го носи дресот со број 20.
Диблинг е осмото засилување за тимот на Дејвид Мојес ова лето.
Пред него пристигнаа Џек Грилиш (позајмен од Манчестер сити), Карлос Алкараз (Фламенго), Тиерно Бери (Виљареал), Марк Траверс (Борнмут), Адам Азну (Баерн), Кирнан Дјусбери-Хол (Челзи) и Том Кинг (Вулверхемптон).
Во второто коло од Премиер лигата, Евертон за прв пат играше на новиот стадион „Хил Дикинсон“ и го победи Брајтон со 2:0.
Foto/ Everton FC