Top Sport

Ништо од Димитриевски, Леванте го потпиша Мет Рајан

Голманот на фудбалската репрезентација на Македонија, Столе Димитриевски ги разгледува опциите да го смени клибот до крајот на преодниот рок. Валенсија, откако Георги Мамардашвили си замина во Ливерпул, на позајмица го донесе Хулен Агирезабала од Атлетик Билбао и тој е проектиран да биде прв голман.

Столе Димитриевски минатото лето пристигна во Валенсија како слободен играч, требаше да биде прв голман, бидејќи Георги Мамардашвили оствари трансфер во Ливерпул.

Сепак клубовите договорија грузискиот голман да остане на позајмица една сезона, поради што Димитриевски бранеше само на неколку натпревари.

Сега кога Мамардашвили замина, Валенсија, на барање на тренерот Карлос Корберан, на позајмица го донесе Хулен Агирезабала од Атлетик Билбао. По овој потег што го повелекова „лилјаците“ беше јасно дека Димитриевски ќе замине од „Местаља“.

Пред пет дена шпанските медиуми објавија дека Димитиревски е блиску до договор со Леванте, но по се изгледа трансферот нема да се случи.

Претпалднево, Леванте повтрдија дека потпишале договор со искусниот австралиски голман Мет Рајан (33). Тој потпиша како слободен агент (година плус година), откако му истече договорот со Ленс.

Шпанските медиуми, пред три недели, пишуваа дека постои шанса Димитриевски новата сезона да ја мине на позајмица во Елче. Клубот по пауза од една година се врати меѓу шпанската елита и бара искусен голман за предизвиците во Примера.

Foto/ EPA/Rodrigo Jimenez

Scroll to Top