Црвена звезда не успеа да избори пласман во Лигата на шампионите. Сроскиот првак во плеј офот доживеа елиминација од Пафос. Кипраните славеа со вкупни 3:2.
Поразот и лошата игра во Белград, кога Пафос победи со 2:1, скапо ги чинеше црвено-белите,
Во реваншот, не блескаа но го исконтролираа првото полувреме. Во вториот дел играчите во црвено-бели дресови притиснаа од сите страни. Иницијативата ја материјализираа во 60.минута, кога Иваниќ со малку среќа погоди за 0:1.
Црвено-белите имаа шанса во 80.минута да го постигнат вториот гол, а кога се подготвуваа за продолженија ги нокаутира Жажа кој во 89.минута постигна нестварен гол.
Во преостанатото време речиси и да не се играше, Кипраните започнаа со провокации, имаше инцидент на влезот на тунелот па резултатот остана 1:1.
Пафос сезонава ќе дебитира во Лигата на шампионите, а Црвена звезда продолжува во Лига Европа.
Foto/ EPA/SAKIS SAVVIDES