Баерн Минхен ја прекина лошата серија, а Борусија Дортмунд ја потврди одличната форма и по осмото коло ќе остане на челната позиција на табелата.
Борусија гостуваше во Штутгарт и до врв ја наполни мрежата на домашниот тим. „Милионерите“, прашањето на победникот го решија по првиот дел кога со головите на тинејџерската сензација Санчо, капитенот Ројс и Шпанецот Алкасер стигнаа до 3:0. Победата во 85.минута ја потврди Филип.

Гостинска победа запиша и минхенски Баерн, иако нешто повеќе од еден час против Волфсбург играше со играч помалку. Левандовски и Робен во првиот дел му донесоа предност 2.0 на Баерн, потоа во 57.минута Холанѓанецот доби црвен картон.
Со играч повеќе Вегхост намали на 1:2 во 63.минута, но само девет минути подоцна Хамес Родригез ги постави конечните 1:3.

Борусија Дортмунд има 20 бода и се уште е без пораз, додека Баерн е втор со четири бода помалку.
На останатите натпревари Баер Леверкзен и Хановер ремизираа 2:2, Нинберг загуби од Хофенхајм 1:3, а немаше голови на мечот Аугсбург-Лајпциг.