Top Sport

Сити го декласира Барнли, Њукасл се уште е без победа (Видео)

Манчесер сити во деветтото коло запиша уште една убедлива победа. „Граѓаните“ со пет гола го испратија Барнли. Колото го обележа триумфот на Вотфорд кај Вулверхемптон и првиот триумф сезонава на Кардиф.

Манчестер сити и по деветтото коло ќе остане на челната позиција во Премиер лигата, благодарение на добрата гол разлика. Избраниците на Пеп Гвардиола со 5:0 го поразија Барнли. Четири гола „граѓаните“ постигнаа во вториот дел, откако по првите 45 минути водеа 1:0 со голот на Агуеро. Во вториот дел голови постигнаа Бернардо Силва, Фернандињо, Марез и Сане.

Кардиф во дуелот со Фулам го запиша првиот триумф во новата сезона. Гостите водеа со голот на Ширле во 11.минуа, потоа Марфи и Рид за пет минути направија пресврт, а Сесињон израмни на 2:2. Во вториот дел најпрвин Петерсон, а потоа и Херис се погрижија бодовите да останат во Кардиф.

Њукасл се уште е без триумф и на овој тим му престои тешка борба за опстанок во лигата. Кајал со голот во 29.минута му ги донесе бодови на Брајтон.

Мини-кризата ја преброди Тотенхем. Екипата на тренерот Маурисио Покетино, забележа победа во малото лондонско дерби над Вест Хем. Решавачкиот момент на мечот се случи во 44.минута кога ламела го постигна единствениот гол.

Вотфорд за нецели 120 секунди го шокираше Вулверхемптон. Головите во триумфот 2:0 ги постигнаа Капуе во 20. и Переира во 21.минута.

Без голови заврши мечот помеѓу Борнмут и Саутемптон.

Scroll to Top